Анчелоти шокиран од одлуката на Бензема: Во саботата нормално тренираше, а следниот ден ни кажа дека си оди

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, на прес-конференцијата по мечот од последното коло во Ла Лига со Атлетик Билбао откри дека сите во Кралскиот клуб биле шокирани од одлуката на Карим Бензема да си оди.

Бензема по 14 години поминати на „Сантијаго Бернабеу“ и освоено сè што може да се освои, вчера одлучи дека е време за разделба.

„Мораме да ја почитуваме неговата одлука, но никако не сме среќни поради тоа. Карим заслужи сам да одлучува за својата иднина бидејќи направи неверојатни работи за Реал. Но, одлуката нè изненади сите. Во саботата тренираше нормално, а во неделата ми рече дека заминува. Морам да кажам дека го тренирав еден од најдобрите на светот, не напаѓач, туку фудбалер“, рече Анчелоти.

Следна дестинација на Бензема во кариерата најверојатно ќе биде Саудиска Арабија.

Французинот, наводно, ја прифатил понудата од 200 милиони евра за две сезони и наскоро ќе потпише договор со Министерството за спорт на оваа земја, која потоа ќе го проследи Бензема на Ал-Итихад, екипа која следната сезона ќе настапува во азиската Лига на шампиони.

- Оглас -

Најнови вести