Анчелоти веќе се покажа како добар прогнозер, а сега откри против кој тим ќе игра во финалето во ЛШ

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, смета дека Кралевите во финалето во Лигата на шампионите ќе играат против Милан, откри денеска спортскиот директор на Росонерите, Паоло Малдини.

Анчелоти веќе се покажа како одличен прогнозер бидејќи уште во февруари предвиде дека Реал во финалето на шпанскиот Кралски куп ќе игра против Осасуна, што се покажа како точно.
„Анчелоти ме повика по ждрепката за четвртфиналето во ЛШ и ми рече: Паоло, се гледаме во Истанбул, нели?“, изјави Малдини.

Реал Мадрид во четвртфиналето од Лигата на шампионите ќе игра против Челзи, а победникот од овој дуел во полуфиналето ќе се сретне со подобриот од дуелите меѓу Манчестер sити и Баерн.

Милан пак во четвртфиналето ќе игра против Наполи, а победникот од овој двомеч ќе игра со подобриот од двомечот меѓу Бенфика и Интер.

Големото финале во ЛШ е закажано за 10 мај во Истанбул.

- Оглас -

Најнови вести