Анчелоти во Манчестер носи фудбалер кој нема право да игра во Лигата на шампионите

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, направи необичен потег пред заминувањето во Манчестер, каде што утревечер Кралевите потив Граѓаните ќе го играат реванш-натпреварот од четвртфиналето во Лигата на шампионите.

Анчелоти одлучи во Манчестер да води и фудбалер кој нема право да игра во Лигата на шампионите, Жереми де Леон.

„Карло Анчелоти одлучи да го води и Жереми де Леон во Манчестер за да го почувствува искуството да се биде дел од натпревар во Лигата на шампионите. Тој моментно не може да игра за Реал Мадрид во ЛШ бидејќи не е регистриран“, објави порталот Релево.

Де Леон, кој има 20 години е член на вториот тим на Реал Мадрид, игра на позицијата крилен напаѓач.

- Оглас -

Најнови вести