Анчелоти во Реал носи Италијанец од ПСЖ за да ја зголеми конкуренцијата во средниот ред

Реал Мадрид летово планира да доведе фудбалери со кои би го освежил средниот ред во којшто се чувствува заморот кај Лука Модриќ и Тони Крос. Тренерот на Кралевите, Карло Анчелоти, се обидува да го убеди раководството да го ангажира Марко Верати од ПСЖ.

Фудбалерот од средниот ред на Светците има договор до летото 2026 година, но во ПСЖ е најавен голем ремонт ова лето и не е исклучено дека Верати ќе биде еден од оние фудбалери кои ќе го напуштат „Паркот на принцовите“.

Интерес за Верати има и од Јувентус, но сепак повикот на Карло Анчелоти тешко може да се одбие.

Триесетгодишниот Италијанец во ПСЖ пристигна пред 11 години како тинејџер од тогашниот член на Серија Б, Пескара, за 12 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести