Анчелоти: Во Шпанија има играчи кои може да ги заменат Меси и Рамос, а еден од нив игра во Реал

Реал Мадрид вечерва игра против Мајорка и Кралскиот клуб има шанса повторно да се врати на лидерското место во Примера дивисион. Во пресрет на мечот, тренерот на Реал, Карло Анчелоти, беше запрашан за мислење дали шпанското првенство загуби многу на квалитет со заминувањето на Лионел Меси и Серхио Рамос, двајцата долгогодишни капитени на најтрофејните клубови во земјата.

„Рамос и Меси решија да се преселат во Франција, а со тоа Примера загуби двајца сјајни фудбалери. Сепак, постојат други играчи кои го покажуваат својот потенцијал. Еден од нив е нашиот Винисиус јуниор“, рече Анчелоти.

Токму Винисиус е еден од оние кои одлично ја започнаа сезоната. Реал игра перфектно во нападот и на пет меча досега даде дури 15 погодоци, што е три гола по меч. Пет од тие 15 гола се дело на Винисиус, што го прави втор најдобар стрелец во тимот, веднаш зад Карим Бензема, кој има шест гола во досегашниот дел од сезоната.

Нова шанса за погодоци Реал ќе има вечерва, на „Сантијаго Бернабеу“, против Мајорка.

 

- Оглас -

Најнови вести