Анчелоти во следниот меч на Реал може да го собори рекордот на Мурињо

Фудбалерите на Реал Мадрид сигурно чекорат кон титулата во Ла Лига, синоќа со убедливи 4:1 славеа на гостувањето кај Осасуна и дојдоа до двоцифрена предност на табелата пред второпласираната Жирона и израмнија клупски рекорд.

Ова беше 23 натпревар во низа без пораз во Ла Лига, со што играчите на Карло Анчелоти го израмнија рекордот на Кралевите од сезоната 2011/12.

Тогаш на клупата на Реал Мадрид седеше Жозе Мурињо, кој успеа да ја освои титулата пред Барселона со рекордни 100 освоени бодови.

На Карло Анчелоти му е потребно по репрезентативната пауза, да победи или да ремизира против Атлетик Билбао на „Сантијаго Бернабеу“, за да го собори рекордот и повторно да испише нови страници во историјата на Кралевите.

- Оглас -

Најнови вести