Андоновски и САД кикснаа против Холандија, домаќинот изненаден од Нигерија (Видео)

Женската фудбалска репрезентација на САД која е предводена од Македонецот Влатко Андоновски не успеа да забележи победа против Холандија и одигра само 1-1 на Светското првенство кое се одржува во Австралија и Нов Зеланд.

Токму овие две репрезентации сега се на првата и втората позиција на табелата со идентични 4 поени, а САД пласман во следната фаза ќе брка на последниот натпревар од групата против Португалија.

Холандија изненадувачки поведе во 17-тата минута преку Рорд, а бодот за САД го донесе Линдси Хоран во 62-рата минута.

На вториот натпревар од групата Е, репрезентацијата на Португалија забележа сигурна победа над Виетнам од 2-0.

Изненадување на денот е победата на Нигерија над домаќинот Австралија со 3-2. Домашните фудбалерки дојдоа dо водство во првата минута од судиското надополнување на времето на првиот дел со погодокот на Ван Егмонд, но во шесттата минута од продолжението Нигерија израмни преку Кану. Во второто полувреме следуваше вистински шок за Австралија откако Охале во 65-тата и Ошоала во 72-рата минута стрелаа за високо водство на Нигерија од 3-1. Конечниот резултат го постави Кенеди во 100-тата минута.

- Оглас -

Најнови вести