Андоновски може да биде горд со 10 од 10 – Селекторот на САД уживаше со феноменалните голови на Рапино и Прес (Видео)

Меган Рапино и Кристен Прес го израдуваа селекторот на САД, Влатко Андоновски, со прекрасни голови, а Македонецот може да биде горд на своето остварување како кормилар на актуелните светски шампионки по десеттата победа во исто толку мечеви.

САД со максимален ефект од три победи го освои пехарот на турнирот „SheBelieves Cup“ откако ноќеска беа подобри од Јапонките и славеа со 3:1.

Капитенката на Американките, Меган Рапино, со убав гол од слободен удар во седмата минута покажа кој е фаворит.

Megan Rapinoe 7′ | USWNT [1] – 0 Japan | Free Kick Goal from soccer

Феноменален гол даде и Кристен Прес, дваесеттина минути подоцна за предност од 2:0 на организаторот на турнирот.

Christen Press 26′ | USWNT [2] – 0 Japan | Chip Goal from soccer

Ивабучи го постигна почесниот гол за Јапонките, а Хоран стави печат на третиот триумф на Американките. Во досегашните пет учества, домаќинките на турнирот трипати го освојуваа пехарот.

На купот годинава играа и Шпанија, која заврши како второпласирана селекција со шест бода, и Англија на третото место со 3 бода. Јапонија претрпе три порази.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести