Андоновски со Американките триумфално започна на Светското првенство

Македонскиот стратег Влатко Андоновски кој е на чело на женската репрезентација на САД, триумфално започна на Светското првенство кое се игра во Австралија и Нов Зеланд. Американките без многу проблеми со 3:0 го победија Виетнам и тоа пред повеќе од 40.000 гледачи на стадионот „Еден парк“ во Оукленд.

Софија Смит постигна два гола во првото полувреме и уште по првите 45 минути беше јасно дека фаворитот нема да дозволи изненадување. Во првото полувреме Морган промаши пенал во 43 минута, што значи дека водството на САД можеше да биде поубедливо.

Во 77 минута, Линдзи Хоран погоди за 3:0 и потврди дека Американките ќе бидат едни од главните фаворитки за освојување на медал.

- Оглас -

Најнови вести