Андора го победи Сан Марино, па сега најлошата репрезентација во светот е од Африка

Репрезентацијата на Сан Марино важеше за најлоша во светот со 141 по ред без победа, но минатиот месец ја прекинаа низа и го победија Лихтенштајн, кој ја презеде улога на најлоша репрезентација со 41 меч без победа.

Сепак, пред четири дена и тие победија и тоа против Хонг Конг во пријателски натпревар, па „фенерот“ го презеде Андора со 20 натпревари без победа. Но, синоќа и Андора победи и тоа против Сан Марино во пријателски натпревар со 2-0, па после долго време, најлошата репрезентација во светот нема да биде од Европа.

https://twitter.com/Futbolconkarma/status/1845522890587770884?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1845522890587770884%7Ctwgr%5Ec0be6cae8e1ce08c3581b64b7f2ba614d48648b4%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.klix.ba%2Fsport%2Fnogomet%2Fnakon-duela-andore-i-san-marina-stafeta-gubitnika-prvi-put-u-ovom-stoljecu-otisla-u-afriku%2F241014013

Најдолга серија без победа кога се работи за репрезентациите, во моментов е онаа на Сомалија, која нема победено на последните 15 меча. Тие последен пат се радуваа во 2019-тата година кога го победија Бурунди со 1-0, а од тогаш имаат 12 пораз и три нерешени средби.

- Оглас -

Најнови вести