Младата ѕвезда на Борнмут пред трансфер во Манчестер сити

Манчестер сити се бори за трофеите во Англија оваа сезона, но менаџерот Пеп Гвардиола веќе размислува и за засилувањата што треба да пристигнат на „Етихад“ ова лето. Предводникот на Граѓаните побарал од клупското раководство да ја стави во фокус можноста за доведување на францускиот напаѓач Ели Крупи од Борнмут, пренесуваат англиските медиуми.

Младиот 19-годишен фудбалер има одлична сезона зад себе, со 11 гола на 31 официјален натпревар, при што успешно се адаптира на темпото и барањата на Премиер лигата. Тој стана еден од најважните играчи во составот на Борнмут, кој моментално се наоѓа на седмата позиција на табелата.

Неговиот напредок не помина незабележано, а токму добрите настапи го ставиле Крупи со подвлечено име во нотесот на Гвардиола.

Според пишувањата, шпанскиот стратег веќе ја иницирал идејата кај управата на Сити да се разгледа потенцијален трансфер во летниот преоден рок.

- Оглас -

Најнови вести