Андорците на знаат што е офсајд, ама се лудо храбри против Турција (Видео)

Андора храбро се држи против Турција на гостувањето во Истанбул и покрај неколку кардинални грешки во одбраната и е на прагот на сензација. На десеттина минути до крајот резултатот е 0:0.

Гостите на почетокот на второто полувреме, покажаа чудесна некоординација во одбраната, во обид да направат офсајд замка, па оставија дури тројца турски играчи сами пред голманот Гомес.

И за чудо Турците не успеаја да погодат, по неверојатно храбрата интервенција на  еден од одбранбените играчи, кој спаси чист гол, притоа забивајќи се во стативата.

- Оглас -

Најнови вести