Андри е трета генерација на Гудјонсен кој дава гол за А тимот на Исланд

Младиот фудбалер на Реал Мадрид, Андри Ликас Гудјонсон, со погодокот за 2-2 со кој му донесе бод на Исланд вечерва против Македонија, стана третиот од семејството кој дал гол за сениорската репрезентација на Исланд. За Андри, ова беше втор меч за А тимот на Исланд и прв гол.

Гудјонсоните, веќе трета генерација даваат гол за националниот тим. Дедото Арнор даде 14 гола на 73 меча за Исланд, а првиот погодок му беше на пријателски меч против Англија во 1982 година. Последниот настап му беше против Естонија, кога на негово место син му Еидур.

Еидур Гудјонсон е можеби и најдобриот фудбалер во историјата на Исланд. Тој даде 25 гола за својата земја, а се повлече во 2016 година на ЕП во Франција. Сега дочека и неговиот син Андри Лукас да стане репрезентативец и да тресе мрежи. Андри има и двајца браќа, постариот Свеин Арон веќе има четири настапи за Исланд, додека најмладиот Даниел Тристан, исто така е талентиран и игра за Реал, па може да се очекува еден ден и тој да заигра за Исланд.

- Оглас -

Најнови вести