Победата на Интер Мајами од 4-2 на гостувањето кај Торонто мина во знакот на аргентинската суперѕвезда Лионел Меси кој имаше две асистенции, а потоа даде и гол.
Со овие три потези, Меси влезе во историјата на МЛС лигата како фудбалер кој најбрзо стигнал до 100 директни придонеси во голови. Меси има 59 голови и 41 асистенции, а одигра само 64 меча од регуларната сезона. Досегашниот рекорд го држеше Себастијан Џовинко кој до 100-ка дојде после 95 настапи.
LET’S GOOO! Our captain for the 4th goal ©️💫 pic.twitter.com/sAe7BW6gRv
— Inter Miami CF (@InterMiamiCF) May 9, 2026

