Кошаркарите на Струмица 2001 се победници во Првата македонска лига (втора по ранг по Суперлигата). Во мајсторката преку која победникот се стекнуваше со суперлигашки статус, струмичани беа за нијанса подобри од Бутел од Скопје со 81-76.
Струмица која некогаш имаше и два клуба истовремено во најсилната македонска лига, а дала многу големи имиња и репрезентативци, после осум години се враќа во елитното кошаркарско друштво.
Димитар Пандев вечерва реализираше 30 поени и го предводеше струмичкиот тим до големата победа.


