Ангелов доби црвен картон, а за малку ќе добиеше и ќотек од противникот (Видео)

Тимот на Волунтари, во кој настапува Виктор Ангелов, со 2:0 победи на гостувањето кај Поли Јаши, во меч од 25-тото коло на романското првенство. Иако Волунтари победи, Ангелов нема по добро да го памти мечот.

Нашиот интернационалец беше стартер, но играше само до 63-тата минута, кога доби црвен картон. Ангелов најпрво доби жолт картон во 61-вата минута, а две минути подоцна остро стартуваше со високо крената нога.

На ваквиот старт на Ангелов бурно реагираше противничкиот играч Хуан Пасаља, кој веднаш стана и тргна да се тепа. Судијата на двајцата им покажа црвени картони и ги избрка од игра.

https://streamable.com/l60ahg

- Оглас -

Најнови вести