Олеснување на „Емирати“: Хаверц не е посериозно повреден

Напаѓачот на Арсенал, Кај Хаверц, не заработил посериозна повреда.

Како што денеска потврдуваат сигурни извори, првичните прегледи покажале дека германскиот фудбалер избегнал потешка повреда и наскоро би можел да се врати на терените.

Иако постоеше загриженост дека Хаверц можеби ја заврши сезоната и дека ќе се фокусира на закрепнување до Светското првенство, тестовите покажале дека неговото враќање е можно уште во текот на следната недела.

Тој сигурно ќе го пропушти гостувањето кај Атлетико Мадрид во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите, како и дуелот со Фулам во сабота, но не е исклучено да биде подготвен за реваншот против Атлетико.

Ова секако е добра вест за Микел Артета бидејќи во клучниот дел од сезоната му е важен секој играч, особено ако се земе предвид дека Виктор Ѓокереш моментно не е во најдобра форма.

Сепак, Швеѓанецот ќе добие шанса во следните два натпревари да ја врати самодовербата и ритамот пред завршницата на сезоната.

Арсенал гостува кај Атлетико во среда во 21 часот, во првиот полуфинален дуел од Лигата на шампионите, а потоа во сабота го пречекува Фулам.

- Оглас -

Најнови вести