Ангелов пред дуелите со Косово: Сакаме да ја оправдаме довербата на селекторот Канатларовски

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година (фудбалери родени 2004 и 2005 година) денеска во хотелот „Парк” го имаше првиот собир во пресрет на двата контролни натпревари со соодветната селекција на Косово.

Контролните мечеви ќе бидат одиграни на тренинг-центарот „Петар Милошевски” во Скопје, на 14 ноември со почеток во 13 часот и на 17 ноември во 12 часот.

Фудбалерот од средниот ред на македонската репрезентација, Матеј Ангелов, даде свое видување и коментар за новата генерација млади фудбалери, како и за претстојните натпревари со Косово.

„За овие контролни натпревари повикани сме поголем број фудбалери. На дуелите со Косово ќе треба да го покажеме нашиот квалитет и да ја оправдаме довербата на селекторот. Мислам дека оваа нова генерација има квалитет и потенцијал за да оствари позитивни резултати. Неколкумина фудбалери, а меѓу нив и јас имавме можност да бидеме дел и од претходната генерација, а тоа за нас претставуваше едно големо и драгоцено искуство, кое верувам дека ќе има позитивно влијание.

Двата контролни натпревари со Косово ќе ни послужат што е можно подобро да се подготвиме и воиграме за претстојните предизвици што нè очекуваат во следниот квалификациски циклус. Ние како фудбалери максимално се ставаме на располагање на селекторот и на стручниот тим, подготвени сме позитивно да одговориме на тоа што ќе се побара од нас на теренот. Сакаме да дадеме сè од себе на следните натпревари со Косово за да го потврдиме нашиот квалитет“, изјави Ангелов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести