Претседателот на Реал Мадрид ги пречека најголемите ѕвезди на клубот, но очигледно е дека со некои од нив нема многу добра соработка. На видеото кое се појави на социјалните мрежи, Перес стои додека покрај него поминува Винисиус јуниор. Бразилецот многу „ладно“ и без некоја поголема почит помина покрај Перес, дури и го оттурна со рамото, на што Перес збунувачки реагираше гледајќи го Бразилецот.
За разлика од Винисиус, кога пред Перес се појави Килијан Мбапе, францускиот голгетер срдечно се поздрави со претседателот на клубот, а потоа и го прегрна. Целата ситуација со Винисиус, но и со Мбапе може да ја видите ТУКА.
Од порано е познато дека Мбапе е еден од омилените играчи на Перес, додека Винисиус остана во сенка на Французинот. Винисиус сезонава одигра 48 меча за Реал, во кои постигна 18 гола, а има и 14 асистенции, додека Мбапе е во многу подобра форма. Французинот во 40 средби постигна дури 41 гол, а има и шест асистенции.
Дали оваа реакција на Винисиус кон Перес може да значи и заминување на Бразилецот, останува да видиме летово. Вини е дел од Реал Мадрид од 2018 година, кога за сума од 45 милиони евра пристигна од тимот на Фламенго.

