Во БиХ незапамтен интерес за дуелот против Македонија, досега продадени 22.000 билети

Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина се огласи со соопштение за јавноста во која се вели дека импресивен е интересот за билетите за пријателскиот меч против Македонија кој ќе се игра на 29 мај во Сараево. Најголемиот стадион во БиХ, „Асим Ферхатовиќ Хасе“ или популарно познатиот „Кошево“ ќе биде местото на кое ќе гостува Македонија на селекцијата која обезбеди место на СП 2026.

„Ги известуваме навивачите дека во тек е продажба на билети за пријателскиот меч меѓу Босна и Херцеговина и Македонија кој ќе се игра на 29 мај на стадионот Асим Ферхатовиќ Хасе во Сараево. Досега има продадено околу 22.000 билети“, брифираат од фудбалскиот сојуз на БиХ.

Стадионо „Асим Ферхатовиќ Хасе“ е најголем во БиХ и собира нешто повеќе од 34.000 гледачи. Се очекува да биде исполнет до последно место за мечот против Македонија. Тоа нема да биде затоа што нашата селекција гостува, туку затоа што навивачите на БиХ ќе сакаат да ги поздрават своите фудбалски херои кои обезбедија место на Светското првенство во САД, Канада и Мексико.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести