Најтрофејниот фудбалски клуб Вардар неодамна поднесе иницијатива Јужната трибина на арената „Тодор Проески“ да го носи името на легендарниот фудбалер Васил Рингов, кој неодамна почина. Рингов е вардарова, но и македонска легенда, играч кој со своите игри на теренот и дела сигурно допринел многу за развојот на фудбалот во Македонија.
Сепак, очигледно не сите се сложуваа со оваа идеја на ФК Вардар. На една од највлијателните битолски фејсбук страници „И моето дете ќе навива за Пелистер“ се појави статус за иницијатива која гласи „Не – за Јужната трибина да се вика Васил Рингов.“ Во реакцијата се вели дека тие биле и против тоа името на Арената да го носи името на Тодор Проески.
Во продолжение целата реакција:
Фудбалскиот клуб Вардар, на чело со нивниот извршен директор, поднеле иницијатива јужната трибина од арената ,,Тодор Проески” да се вика по неодамна починатиот фудбалер ,,Васил Рингов”.
Со цела почит према името ,,Васил Рингов” и неговата кариера, но овај стадион е НАЦИОНАЛНА АРЕНА. Националната Арена не е објект на еден клуб, таму кој сака да игра си плаќа за тоа. Извршниот директор (не сакаме име да му споменеме), може вакви барања да поднесува за она што имовина на клубот кој што го води (ако воопшто имаат имовина), некаков тренинг центар или слично, а за тоа што е ДРЖАВНО И НАЦИОНАЛНО, нема што еден клуб да бара вакво или такво име.
● Точно е дека не се согласуваме арената да се вика ни ,,Тодор Проески”, затоа што сметаме дека тоа повеќе му прилега на универзална сала, дом за култура итн., но името на стадион или трибина да се преименува на секои 10-15 години и тоа по желба на некакви клубови и извршни директори е надвор од здрав разум.
ИЗГРАДЕТЕ СИ СОПСТВЕН И НЕКА СЕ ВИКА АКО САКАТЕ И МИЛЕНКО НЕДЕЛКОВСКИ !

