Ангеловски има рецепт за победа против Ерменија

Ерменија доаѓа во Скопје со мини-серија од два меча без пораз против Македонија, но селекторот Игор Ангеловски верува дека сега е моментот да се искористи убавата шанса во атак на историски пласман на Европско првенство.

„Очекувам мечевите со Ерменија да го решат победникот во нашата група. Имаат добар квалитет и поединци, но важно е како функционираат како тим. Ги познаваме од Вардар одлично Хамбарѕумјан и Барсегјан, кои се според мене едни од најдобрите странци што играле во македонското првенство. Но, секако дека верувам во нашиот квалитет и ако играме какмо што знаеме победата ќе биде на дофат“, вели Ангеловски.

Македонија е во одлична форма што почна во финишот на минатите квалификации за Мундијалот во Русија, а продолжи со триумф против Гибралтар на стартот од циклуспот мечеви во Лигата на Нации.

- Оглас -

Најнови вести