Ангеловски: Не стравуваме од никого, на секој меч одиме по три бода

Фудбалската селекција на Македонија денес ги доби противниците за новото издание на Лигата на нациите, кое со натпреварување започнува во септември. Противници на Рисовите ќе бидат репрезентациите на Ерменија, Естонија и Грузија, против кои ќе се борат за првото место во групата 2 од Сегментот Ц и пласман во повисокиот ранг.

Селекторот Игор Ангеловски посочи дека иако противниците не се атрактивни, секако поседуваат квалитет, па неговите избраници ќе мора да се покажат во добро светло како и во минатиот циклус. Но, засега во преден план им е претстојниот дуел против Косово во плејофот.

„Најискрено во овој момент сите мисли и целата концентрација ни е насочена кон натпреварот со Косово. Но, бидејќи веќе ги добивме противниците за новото издание од Лигата на нациите, согласно нашиот квалитет и прикажаните игри и резултати во изминатиот период, целта на Македонија ќе биде борба за првото место. Во минатите квалификации многупати покажавме дека рамноправно се носиме со кој било противник, а така ќе биде и овојпат. Одиме да го освоиме првото место во групата. На хартија противниците не се атрактивни, но секако поседуваат квалитет. За мене е важно што ние не стравуваме од никого и на секој натпревар ќе одиме на три бода“, истакна селекторот Ангеловски.

- Оглас -

Најнови вести