Ангеловски: Поради слабата реализација не освоивме барем еден бод

Селекторот на Македонија, Игор Ангеловски е разочаран што Македонија не успеа непоразена да си замине од гостувањето во Букурешт против Романија. Ангеловски потенцира дека слабата реализација е клучна за неуспехот во првиот меч од квалификациите за пласман на Светското првенство.

„Гостувавме против селекција која е од вториот шешир и покажавме дека можеме да се носиме со поквалитетни селекции. Честитки за Романија. За еден тренер е жално кога неговиот тим ќе создаде многу шанси за погодок, но и покрај таа доминација не успеавме да освоиме барем еден бод. Не памтам против една селекција од ваков ранг да создадеме толку шанси и мислам дека токму слабата реализација беше клучна што не дојдовме до бод“, рече Ангеловски на прес конференцијата по мечот во Букурешт.

- Оглас -

Најнови вести