Ангеловски: ВАР системот и сантиметрите беа на страна на Украина

Селекторот Игор Ангеловски е разочаран што загубивме од Украина, но вели дека нашите фудбалери не се посрамотија и покажаа дека заслужено се дел од најдобрите селекции во Европа.

„Одигравме две различни поувремиња, во првото започнавме претпазливо, подефанзивно. Во тие моменти сантиметрите на ВАР одлуките беа на страна на Украина. Голот што го дадоа за 1:0 не беше од офсајд за само неколку сантиметри, а на спротивната страна погдокот на Пандев беше од офсајд за неколку сантиметри. Македонија на овој меч покажа квалитет и дека е заслужено на ЕП. Кога навивачите ќе ве испратат со громогласен аплауз тоа е доказ дека сте одиграле добро. Нас ни останува да жалиме што не успеавме да ги израдуваме. Победени сме, но не сме поразени. Моите фудбалери покажаа дека заслужено сме дел од европскиот крем. Против големата Холандија да одиграме како во второто полувреме со Украина денеска. Влеговме претпазливо примивме гол од офсајд“, рече селекторот Ангеловски на прес конференцијата веднаш по мечот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести