Англичанец е фудбалерот со најмногу истрчани километри на Европското првенство

Ѕвездата на Англија, Деклан Рајс, истрчал најмногу километри досега на ЕВРО 2024. Фудбалерот за врска на Арсенал ја предводи листата на фудбалери кои минаа најголема дистанца на натпреварите од Европското првенство.

Рајс истрчал неверојатни 63,9 км во трите натпревари од групната фаза, осминафиналето и четвртфиналето. Тоа значи дека во просек трча речиси по 13 километри на секој меч.

Селекцијата на Герет Саутгејт одигра пет неубедливи натпревари, но сепак стигна до полуфиналето, а Рајс е срцето на тимот. Селекторот на Англичаните користеше три различни играчи покрај него во средниот ред за време на турнирот.

По него, на листата се Гранит Џака со 62 километри и Џошуа Кимих со 61 километар.

Еве ја Топ 10 листата на фудбалери со најголема километража на ЕВРО 2024.

1. Деклан Рајс: 63,9 км

2. Гранит Џака: 62 км

3. Џошуа Кимих: 61 км

4. Ремо Фројлер: 59,7 км

5. Фил Фоден: 58,2 км

6. Микаел Ебишер: 57,5 км

7. Тони Крос: 57,2 км

8. Жул Кунде: 56,3 км

9. Н’Голо Канте: 56 км

10. Бернардо Силва: 55,6 км

- Оглас -

Најнови вести