Англичанец пред финалето на ЕП си го истетовира трофејот, сега не знае што да прави

Англискиот навивач Луис Холден по победата на неговата репрезентација против Данска, бил убеден дека Англичаните ќе ја освојат европската титула, па во пијана состојба додека бил во еден бар, на ногата си направил тетоважа со пехарот од ЕВРО 2020 и текст „Англија победник“ и „Фудбалот се враќа дома“. Но, тој се залета предвреме, Англија го загуби финалето и сега не знае што да прави со тетоважата.

„Не размислував за тетоважата, сакав само Англија да победи“, вели 26-годишниот Холден, кој е татко на две деца и стана цел на разни шеги поради тетоважата која се покажа како погрешна.

- Оглас -

Најнови вести