ПСЖ ја одбрани титулата во Лигата на шампионите откако по изведувањето пенали го совлада Арсенал во големото финале. По регуларните 90 минути резултатот беше 1:1, а ниту во продолженијата не падна гол, па победникот беше решен по пенал-рулетот.
Шпанскиот стратег Луис Енрике со овој триумф стигна до својата трета титула европски шампион како тренер. Првпат се искачи на европскиот врв со Барселона во 2015 година, кога во финалето го совлада Јувентус со 3:1, а минатата сезона со ПСЖ убедливо го победи Интер со 5:0.
По натпреварот, Енрике не го криеше задоволството од новиот голем успех.
„Чувствата ми се измешани, најмногу возбуда и замор. Освоивме две европски титули по ред, што е навистина неверојатно. Ова е најубавиот момент од сезоната. Заслуживме да ја освоиме титулата. Беше многу тешко. Му честитам на Арсенал, одиграа одличен натпревар. Се обидоа да играат на своите силни страни и да го контролираат мечот, но ние победивме. Дали сум легенда? Тоа не ме интересира“, изјави Луис Енрике.
Со овој успех ПСЖ уште еднаш ја потврди својата доминација на европската сцена, а Луис Енрике дополнително го зацврсти статусот на еден од најуспешните тренери на денешницата.

