Витиња со 94% прецизни проигрувања е прогласен за најдобар играч во финалето на ЛШ

ПСЖ е старо-нов европски шампион откако по изведувањето пенали го совлада Арсенал во финалето на Лигата на шампионите. Натпреварот по регуларните 90 минути заврши 1:1, а во дополнителните 30 минути немаше голови.

Арсенал поведе уште во 6. минута преку Каи Хаверц, додека Усман Дембеле израмни од пенал во 65. минута и му донесе надеж на парискиот тим.

По завршувањето на финалето, техничкиот панел на УЕФА за најдобар играч на натпреварот го избра Витиња. Португалскиот играч од средниот ред беше еден од клучните фудбалери на ПСЖ и ја контролираше играта на европскиот шампион речиси до самиот крај, кога беше заменет на почетокот од второто продолжение.

Неговата статистика најдобро ја покажува доминацијата на теренот – Витиња успешно реализираше дури 141 од вкупно 150 додавања, диктирајќи го темпото на играта и водејќи го ПСЖ до најголемиот успех во клупската историја.

 

- Оглас -

Најнови вести