Фудбалерите на Арсенал во Будимпешта не успеаја да ја освојат својата прва европска титула во клупската историја. Во драматичното финале на Лигата на шампионите, по изведувањето пенали подобар беше ПСЖ, а кратко по поразот пристигна и провокација од градскиот ривал Челзи.
Двократниот европски шампион Челзи преку своите социјални мрежи испрати порака со која се потсмеваат на новото разочарување на Арсенал.
„Дојдете и посетете го лондонскиот дом на трофеите. Резервирајте ја вашата тура на стадионот ‘Стемфорд Бриџ’ уште денес“, објавија од Челзи.
Објавата беше придружена со емотикон од трофеј и две ѕвезди, што е јасна алузија на нивните две титули во Лигата на шампионите освоени во 2012 и 2021 година.
Од друга страна, Арсенал и понатаму ја чека својата прва европска круна.
Come and visit London’s Home of Trophies. 🏆
Book your Stadium Tour at Stamford Bridge now. ⭐️⭐️
— Chelsea FC (@ChelseaFC) May 30, 2026
За Топчиите ова беше второ финале во Лигата на шампионите и втор пораз. Првпат играа во завршницата во 2006 година, кога беа поразени од Барселона.
Со поразот од ПСЖ во Будимпешта, Арсенал уште еднаш остана без најпрестижниот клупски трофеј во европскиот фудбал, додека навивачите на Челзи ја искористија можноста дополнително да го продлабочат ривалството со својот лондонски сосед.

