Англичаните не само за ЕП, конкурираат и за домаќинство на Мундијалот

Веќе е познато дека Англија се наметнува кај УЕФА целосно да го преземе домаќинството за претстојното Европско првенство во кое Македонија ќе учествува за првпат во својата историја, меѓутоа премиерот Борис Џонсон посакува фудбалот потполно да се врати дома.

Имено, Обединетото Кралство ќе поднесе кандидатура за домаќинство на Светското првенство во 2030 година, па Англија, Шкотска, Велс и Северна Ирска да ги вгостат најдобрите репрезентации од светот. Официјалната кандидатура ќе се поднесе следната година откако федерациите наводно се согласиле да бидат организатори на Мундијалот.

Инаку претстојното ЕП, според првичниот план, треба да се одржи во 12 градови низ Европа, со тоа што финалето треба да се одржи на „Вембли“ во Лондон. УЕФА стравува од моменталната ситуација со пандемијата и треба што поскоро да најде решение за одигрување на натпреварите.

Доколку Англија го добие домаќинството, тоа би значело дека Македонија нема да игра во Букурешт на 13 јуни против Австрија и четири дена подоцна против Украина, ниту во Амстердам против Холандија на 21 јуни.

- Оглас -

Најнови вести