Англичаните немаат милост за клубот со тривековна традиција што им е основач на фудбалската лига

Дерби каунти повторно настрада и со одлука на раководството на Англиската фудбалска лига, ЕФЛ, одземени му се уште 9 бода, или вкупно 21 бод во оваа сезона што популарните Овни ја играат во Чемпионшип лигата.

Најпрво минусот од 12 бода беше поради финансиските проблеми, па клубот замина под административна управа, која прогласи стечај, а сега има нова казна поради непочитување на правилата за профитабилност и одржливост, а се работи за нелегална продажба на стадионот „Прајд парк“ на поранешниот сопственик Мел Морис.

Ова ќе значи сигурна преселба на клубот со тривековна фудбалска традиција во понизок ранг на натпревари и Дерби од идната сезона ќе биде член на Лига 1.

Со најновата казна, Дерби е во минус од три бода по 17 кола и е убедливо последен во Чемпионшип лигата. Моментно екипата што како тренер ја предводи англиската легенда Вејн Руни заостанува за 18 бода зад позициите што се безбедни и гарантираат нов настап во втората по ран лига во Англија, веднаш зад Премиер лигата.

Дерби каунти е формиран пред 137 години и е еден од 12-те основачи на првата фудбалска лига во Англија што почна во 1888 година.

Овните се во групата само од 10 клуба што од формирањето на професионалниот фудбал во Англија секогаш играле во една од професионалните лиги во колевката на фудбалот.

 

 

- Оглас -

Најнови вести