Англичаните претераа со геометријата – Вилијан ќе почека за деби гол, лактот на Поденс беше во офсајд (Видео)

Жозе Вилијан ќе почека за деби гол во дресот на Вулверхемптон, а му беше поништен погодок против Фулам во првото полувреме на неверојатен начин.

Бразилецот што го памтиме по покерот голови за Реал Сосиедад против Вардар во Скопје, постигна гол вечерва за Волците, но по проверка со ВАР системот не беше признат како регуларен.

Англичаните имаат чуден начин на мерење и со нивните отсечки и геометрија проценија дека лактот на Поденс, пред голот на Вилијан е во офсајд.

Спорниот момент од втората минута од судисокото продолжение од првото полувреме можете да ја погледнете ОВДЕ.

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести