Англичаните се прават дека се најдобри, а го имаат само зарѓаниот трофеј од 1966 година

Поранешниот италијански репрезентативец Алесандро Алтобели беше пресреќен за победата на Аѕурите сред „Вембли“, но не пропушти шанса да им упати порака на Англичаните, кои беа премногу самоуверени дека ќе стигнат до европскиот трофеј.

„Секогаш мислат дека се најдобри, најголеми, најталентирани, најубави. А кога ќе видите, тие го имаат само оној зарѓан трофеј од 1966 година. Погледнете ја нашата витрина со пехари колку е полна“, беше пораката од Алтобели до Англичаните.

Алтобели, кој сега има 65 години, во националниот дрес на Италија има одиграно 61 настап и беше дел од златната генерација на Светското првенство во 1982 година, кога Аѕурите стигнаа до златото.

- Оглас -

Најнови вести