Англичаните во поход да направат нешто што не му успеало никому!

Ливерпул го повтори минатогодишниот успех и се пласираше во финалето од Лигата на шампионите. Англискиот гигант сега се надева дека ќе отиде и чекор понапред, односно да се искачи на тронот на фудбалска Европа. Сега тие го чекаат ривалот на мечот кој на 1 јуни ќе се игра во Мадрид, на стадионот на Атлетико.

Тотенхем и Ајакс играат во второто полуфинале, а „џокерот“ е кај Холанѓаните. Ајакс игра на свој терен, а има и позитива од еден гол, но сепак тоа не е голема гаранција. Синоќа се виде дека на Барселона не ѝ беа доволни трите резервни гола, па Тотенхем сигурно ќе се обиде да направи изненадување на гостувањето.

Доколку Тотенхем успее да се пласира во финалето на ЛШ, ќе продолжи да биде реален сонот за англиски финалиња во двете натпреварувања на УЕФА. Во Лигата на Европа, во полуфиналната битка се Арсенал и Челзи. Двата лондонски тима имаат реални шанси да играат во финалето на второто по ранг натпреварување во Европа.

Ако се случи тоа, тогаш за првпат во историјата во финалето на ЛШ и на ЛЕ ќе има само екипи од една земја. Останува да видиме вечер како ќе помине Тотенхем во Амстердам, па калкулациите да се прават до утревечер, кога ќе се дознаат и финалистите во Лигата на Европа.

 

- Оглас -

Најнови вести