Англичаните засега не го задоволија апетитот за гол, виновен е дирекот (видео)

Англија и Хрватска засега не го оправдуваат издвојувањето како дерби на денот кое се игра во Лондон на култниот „Вембли“ стадион. Мрежите мируваат, а Трите лавови засега не го задоволуваат својот апетит за гол.

Составот на Герет Саутгејт доминираше во првите 45 минути, иако во финишот од првиот дел од средбата се намали интензитетот на играта. Фоден во уште во шестата минута имаше добра прилика да отвори со гол, но дирекот му попречи, односно ги спаси Коцкастите.

Се обиде и Филипс од далечина, но Ливаковиќ беше на задачата, а надежите се дека Хрватска ќе се охрабри да нападне во второто полувреме и да ја врати возбудата во мечот.

- Оглас -

Најнови вести