Англичаните жестоко им се одмаздија на расистите и фашистите

Англија ја растури Бугарија во Софија со 6-0, а можеше да постигне уште толку погодоци ако ги искористеше 100 отстотните шанси, но средбата мина во знак на непријатностите кои ги доживеаја фудбалерите. Домашните навивачи со расистички извици кон црномурните играчи на Англија и со фашистички поздрав беа на добар пат да придонесат за прекинување на мечот. Имаше две опомени и мал прекин, третиот прекин ќе значеше крај на мечот.

И онака трибините не беа преполни, Бугарија има казна еден сектор да биде празен поради расизмот на претходни мечеви. Капитенот Ивелин Попов ги молеше фановите да престанат, па и на бугарските играчи како да не им се играше и гостите ги прегазија. Според шансите, Бугарија треба да биде задоволна што не прими и повеќе голови.

Англија теоретски не е сигурен патник на ЕП 2020 бидејќи Косово ја надигра Црна Гора со 2-0 и дојде на бод од втората Чешка и на четири зад лидерот Англија на две кола до крајот.

Слично како и Косово, и Србија со победа од 2-1 (над Литванија) се враќа во игра за пласман на европскиот шампионат. Србите имаат само бод помалку од Португалија, за која вечерва во поразот од 1-2 од Украина, Кристијано Роналдо го даде својот 700-ти гол во кариерата.

Пласман на ЕП обезбедија Украинците, а блиску до тоа се и Франција и Турција, по ремито од 1-1 во Париз.

- Оглас -

Најнови вести