Англичанките се борат за прва, Германките за рекордна деветта титула на женското ЕП

Селекциите на Англија и Германија попладнево (18 часот) ќе ги одмерат силите во големото финале на женското Европско првенство. Битката за континенталната титула ќе се игра на култниот „Вембли“ и се очекува рекордна посетеност на едно финале во женски фудбал.

Англичанките како домаќинки на ова ЕП по третпат добија прилика да се борат за прва европска круна. Го загубија првото финале во 1984 од Шведска, како и од вечерашниот противник, кога во 2009 година Панцерките триумфираа со огромни 6-2.

Сосема спротивен е случајот со Германија. Во нивното деветто финале ќе ја напаѓаат деветтата титула, неприкосновените Германки не знаат за пораз кога се во ситуација да се борат за европскиот трофеј.

Ако се земат во предвид последните пет меѓусебни дуели, Германија има подобар скор од 3-1 во победи и се памети едно реми. На „Вембли“ меѓу другото ќе се бие битка и за златната копачка, Мид против Поп како двете најефикасни фудбалерки бројат по шест погодоци на турнирот.

Според квотите во Sport Life, Англија е благ фаворит при квота 2.40 за кец, додека евентуален триумф на Германија нуди 3.05 квота. За реми по 90 минути се бара 3.15 коефициент.

- Оглас -

Најнови вести