Англија е пресилна за Македонија: Добивме „петарда“ од Гордиот Албион

Македонските фудбалски надежи до 19 години, успеваа 40 минути да парираат на фаворизираната Англија, во меч кој се одигра на комплексот „Петар Милошевски“, во претквалификации за пласман на ЕП.

Англија беше фаворит пред дуелот, а Гордиот Албион до предност стигна во 41 минута благодарение на погодокот на Дојл. На почетокот на второто полувреме погоди Гордон, а во последните 20 минути, Англија даде уште три погодоци. Гарнер погоди во 72 и 79 минута, додека конечниот резултат го постави Сака во 86 минута.

По два одиграни меча, Македонија има само еден бод, тој против Босна и Херцеговина. Во последното коло, Македонија ќе игра против Луксембург, каде со евентуален триумф со многу голема разлика, можеме и да стигнеме до посакуваното второ место во групата.

 

- Оглас -

Најнови вести