Бомба на „Енфилд“, Арне Слот веќе не е тренер на Ливерпул!

Ливерпул официјално ја објави разделбата со 47-годишниот менаџер Арне Слот кој две сезони беше на клупата на Црвените, а во првата ја освои Премиер лигата, додека во втората беше само петти на табелата.

„ФК Ливерпул може да потврди дека Арне Слот веднаш заминува од улогата на главен тренер, и дека процесот на именувње на негов наследник е во тек. Тој со оди со освоена титула во Премиер лига и би сакале да му искажеме најдлабока благодарност и почит за тоа што го прави“, објави клубот.

Се шпекулира дека фаворит за нов тренер на Црвените е Шпанецот Андони Ираола кој неодамна ја заврши соработката со Борнмут, а претходно го има водено и Рајо Ваљекано.

- Оглас -

Најнови вести