Вечерва од 21 часот селекцијата на Англија гостува во Хелсинки против Финска во натпревар од Лигата на нации, а посебно внимание во англиската јавност предизвикува 21-годишниот играч од средниот ред на Абердин, Топи Кескинен, .
Кескинен има необична тетоважа. На подлактицата, има тетоважа од поранешниот капитен на Англија, Вејн Руни, како лови риба.
Објаснувањето на Кескинен е дека бил обожавател на Руни, неговата мајка навивала за Евертон, додека Топи е за Манчестер јунајтед, а исто така е љубител на риболовот, па одлучил да ги спои своите две страсти во една тетоважа.