Англија ќе има дебитант во Европа: Брајтон ќе игра во европските купови! (Видео)

Екипата на Брајтон за првпат во својата историја ќе биде претставник на Англија во европските фудбалски купови. Тие тоа го потврдија со денешната победа над Саутемптон од 3-1 и го обезбедија најдобриот пласман во нивната историја, одосно со сигурност ќе завршат помеѓу најдобрите седум екипи во Премиер лигата. Претходно најдобар пласман имаа минатата сезона кога завршија на деветтата позиција.

Што се однесува до мечот против Саутемптон, тој беше решен уште во првиот дел кога Фергусон со два погодоци во 29-тата и 40-тата донесе убедливо водство од 2-0 за домашната екипа.

Во второто полувреме Саутемптон намали преку Елјонуси во 58-мата минута, а победата на Брајтон ја потврди Грос со погодокот во 69-тата минута.

- Оглас -

Најнови вести