Англија ќе се погрижи за да гледаме епско финале на ЕП

6993 Англија – Данска (21ч)

Желбата на фудбалските фанови е да се гледа класик во финалето меѓу Италија и Англија, па затоа се очекува од фаворизираните Англичани да ја надиграат Данска во второто полуфинале. Гордиот Албион ќе има огромна поддршка на „Вембли“, сите сонуваат дека конечно „фудбалот се враќа дома“, не давајќи ниту малку шанса на досега најпријатното изненадување на ова ЕП.

Проблем за Данците е што човекот кој ја донесе победата над Англија во последната меѓусебна пресметка во октомври 2020 година, Кристијан Ериксен, нема да игра поради веќе избегнатата трагедија во која играчот на Интер ја „победи“ смртта. На спротивната страна, сите играчи му се на располагање на Саутгејт, а покрај тоа што треба да се издвои победа, фаворитот планира да го подобри рекордот на шест меча на ЕП без примен гол.

Предлог тип: 1 & 0-3 (2.30)

 

6010 Динамо Загреб – Валур (19ч)

Хрватскиот шампион е толку голем фаворит во овој двомеч, што средбата на „Максимир“ треба да биде рутина за тимот на Адеми и Ристовски. Модрите целат на пласман во групната фаза во ЛШ, па иако е ова прво квалификациско коло, уште сега ќе покажат дека заслужуваат да се меѓу најдобрите европски екипи.

Фудбалерите на Динамо во подготовките запишаа три победи со гол-разлика 9-1, што значи дека се спремни да продолжат со победничката низа и во првата меѓусебна пресметка против претставникот од Исланд. За да се заврши работата уште во првите 90 минути, Динамо би требало да даде повеќе од три гола.

Предлог тип: 1-1 & 3+ (1.97)

 

6013 Maлме – Рига (19ч)

И од овој пар се очекува рутинска победа на Малме како голем фаворит против летонскиот тим на Рига, што ќе биде прва пресметка на двете екипи воопшто.

Сепак, шведскиот првак не може да се пофали со добра форма бидејќи минатата сабота загуби од Норкопинг во домашниот шампионат, а претходно оствари биланс 2-2 во четирите контролни натпревари.

И Рига не е разиграна како што посакува, во последните пет меча од летонското првенство памети два порази и нема да биде изненадување доколку мрежата на гостите биде затресена неколкупати.

Предлог тип: Т1 1+I & 1+II (1.74)

 

5719 Сенегал – Намибија (15ч)

Сенегал како актуелен африкански вицешампион ќе атакува на трофеј во јужноафриканското првенство и треба да ги оправда очекувањата во првото коло против Намибија.

Сенегалците предводени од првата ѕвезда Садио Мане би требало да се надоврзат со победничката низа од подготовките и со сигурен триумф да тргнат во ова натпреварување.

Сенегал славеше победи во сите пет меѓусебни пресметки против Намибија, во кои вкупниот учинок во голови е 16-1, па затоа ќе нема дилеми околу тоа кој ќе се радува на отворањето на шампионатот од јужниот дел на Африка.

Предлог тип: 1-1 (2.22)

 

7312 Роџер Федерер – Хуберт Хуркач (16:30ч)

Федерер вторпат во кариерата ќе се сретне против моментално 18-тиот најдобар тенисер според АТП, Хуберт Хуркач, со очекувања дека ќе слави како во пресметката пред две и пол години, кога Швајцарецот рутински триумфира на Индијан велс.

Иако формата на Федерер се подобрува од коло во коло, нема да биде изненадување доколку се случи маратонска пресметка бидејќи Полјакот вчера изненади против Данил Медведев.

Влогот е голем, се игра за полуфинале на Вимблдон, па затоа подобриот нека се покаже по пет сета.

Предлог тип: >39,5 гемови (1.95)

- Оглас -

Најнови вести