Англија повеќе од еден век немала поефикасен напад

Англија немаше милост на гостувањето кај Косово и убедливо со 4:0 славеа против домаќинот во Приштина потврдувајќи ја првата позиција во групата и го потврди пласманот на ЕП 2020. Некогашниот светски првак во квалификациите даде вкупно 37 погодоци во 8 меча, односно 4,6 гола по меч.

Освен тој рекорд на постигнати голови во квалификации, Англија во 2019 година даде вкупно 38 голови на официјални мечеви. Речиси во една и пол вековната историја, само еднаш се случило Англија во една календарска година да даде повеќе погодоци. Тоа било во далечната 1905 година, кога Англија постигнала 39 голови.

Хари Кејн е најефикасниот играч на Англија. Голгетерот од Тотенхем постигна 12 погодоци, со што го израмни рекордот на Џорџ Хилдсон од 1905 година и на Диџи Дејн од 1927 година, кои по 12 пати се радувале на постигнати голови во една календарска година.

 

 

- Оглас -

Најнови вести