Англија пресилна, даде три гола, а нивниот голман само неколку пати ја допре топката (Видео)

Англиската репрезентација ја оправдува фаворитската улога против Македонија, на „Олд Трафорд“ води со убедливи 3-0 по првото полувреме и ќе ја извојува првата домашна победа против Црвено-жолтите.

Последните 15 минути од првото полувреме беа кобни за тимот на селекторот Благоја Милевски, тоа беше периодот во којшто ги примивме головите. Хари Кејн погоди за 1-0, на 2-0 зголеми Букајо Сака, а во листата на стрелците се запиша и Маркус Рашфорд.

Голот на Сака за 2-0 погледнете го ТУКА, а погодокот на Рашфорд погледнете го ТУКА.

Доминацијата на домашните се опишува и со податокот дека до 36-тата минута, голманот Џордан Пикфорд само двапати ја допре топката.

- Оглас -

Најнови вести