Хаос и срам во Прага: Славија ја имаше титулата в рака, а навивачите упропастија сè (Видео)

Вечерва на дербито Славија – Спарта во Прага, домашните навивачи направија хаос каков не се памети во Чешка. Славија во 90-та минута водеше со 3-2 и со победа ќе ја освоеше титулата во чешката лига.

Тогаш голем број навивачи влетаа на терен пред судијата да свирне крај, и носејќи факли со нив, претрчаа преку целиот терен и пиротехниката ја фрлаа кон гостинските навивачи.

Од Славија се извинија за срамот и инцидентот во кој имало двајца повредени играчи на Спарта, а екипата на Спарта безбедно го напуштила стадионот. Утре Дисциплинската комисија на чешката фудбалска федерација ќе треба да донесе одлука и казни. Можно е Спарта да добие службена победа од 3-0 и трката за титула да продолжи.

- Оглас -

Најнови вести