Англиска класика – Чеканите удрија моќно во меч со пресврт и шест гола (Видео)

Англиска фудбалска класика со пресврти и многу голови одиграа Њукасл и Вест Хем, а популарните Чекани со многу подобра игра во второто полувреме славеа победа на гости од 2:4.

Њукасл водеше со 2:1 по првиот дел со головите на Вилсон во петтата минута и на Марфи во 40. минута. Единствениот гол за Вест хем во првото полувреме беше дело на Кресвел во 18. минута.

Во продолжението Вест Хем доминираше и со три гола победи со 4:2. Бенрама израмни на 2:2 во 53. минута, а потоа Мајкл Антонио промаши пенал, но Соучек ја смести одбиената топка во мрежата на домаќините.

Антонио се извади за утката од белата точка со гол за 2:4 во 66. минута и со тој погодок се израмни со Паоло Ди Канио како најдобри стрелци на клубот во Премиерлигата, со по 47 погодоци.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести