Англиска колонизација во Интер Мајами, доаѓа поранешен бек на Арсенал

Киран Гибс ќе биде најновото засилување на Интер Мајами, кој ќе се пресели во МЛС-франшизата по крајот на сезоната во Англија. На поранешниот англиски репрезентативец му истекува договорот со ВБА, а наводно веќе се согласил на две и полгодишен договор со клубот на кој сопственик е Дејвид Бекам.

Самиот Бекам прави колонизација во Мајами, ако се знае дека претходно го ангажира Фил Невил за прв тренер на екипата, неговиот соиграч од Манчестер јунајтед, а во тимот веќе е дефанзивецот Рајан Шокрос, исто така поранешен репрезентативец на Гордиот Албион.

Англиската легенда се надева дека сонародниците ќе му донеса успех во пресрет на новата сезона во МЛС лигата која почнува на 17 април, откако во ланското издание на американскиот шампионат, Интер Мајами не стигна ниту до разигрувањата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести