Англиската битка за финале во ФА купот е топ-предизвик во 32-рото коло на Спортска прогноза

Полуфиналниот нокаут-меч од англискиот ФА куп меѓу Челзи и Манчестер јунајтед е во фокусот во 32-рото коло на Спортска прогноза што можете да го одиграте веќе денеска од 14 часот.

Трката за „ајфон 11“ што организаторите на бесплатната игра, Спорт Манија и Sport Life, го доделуваат за максимален број погодоци, 13, во секое коло е во тек и е нова шанса за вас за прекрасен подарок.

Во ова коло има уште дузина интересни двојки на популарната Тринаестка, игра што трае веќе трета сезона и е забавна и што е најважно бесплатна.

Сè што е потребно е да имате СЛ картичка, а процесот за учество е многу лесен и најважно е да се подготви добра стратегија за да се погодат основните 13 парови во 32-рото коло.

Секако, не треба да се заборават и двете резервни двојки што носат поени за подобри позиции во Генерален пласман. Трката и тука е супер интересна, веќе се ближи крајот на сезоната, а шампионот ќе биде награден со ТВ Смарт од 48 инчи.

 

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести