Одиграјте го последното коло од Спортската прогноза, со мегадербија во Шпанија и во Англија

Со натпреварите од 30-тото коло што ќе се одиграат овој викенд завршува осмата сезона на бесплатната Спортска прогноза на Sport Life.

Ова е и последната можност за учесниците да направат совршен скор и да стигнат до „Среќна 13-ка“, со што може да се освои главната награда – iPhone 16. Познато е дека 12 погодени натпревари носат ваучер од 1.000 денари, додека за 11 точни прогнози следува ваучер од 500 денари.

Типувањето е отворено до сабота во 13:30 часот, кога стартува првиот дуел од колото, дербито во Премиер лигата меѓу Ливерпул и Челзи.

Програмата на колото носи силен финиш: по почетното дерби, на крајот следува и големото Ел Класико меѓу Барселона и Реал Мадрид. Покрај овие натпревари, на распоред се уште 11 интересни пресметки, а задолжително се типуваат и двата резервни пара кои влегуваат во конечниот пласман.

- Оглас -

Најнови вести